Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 од кои во тетовскиот регион се 25 нови лица. Активно болни се 371 лица, а вкупно се 628 дијагностицирани со Ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од кои 9 се од тетовско.