Со колективна изложба на 23-ца уметници вечерва беше означен крајот на годинешното 11-тото издание на Меѓународната ликовна колонија во организација на националната установа „Уметничка Галерија“ од Тетово.
Уметниците седум дена твореа во градот под Шара откако колонијата беше отворена минатиот петок. Изложени се 35 уметнички дела кои по завршувањето на изложбата ќе останат во фондот на галеријата.
Изложените слики ќе останат поставени во Галеријата и ќе можат да се погледнат во наредните 10 дена.
Дел од 11-тото издание на оваа колонија беа 23 уметници од Македонија, Косово, Албанија и Турција кои седум дена работе и твореа на повеќе локации низ градот и околината.
А.С