• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Конференција „Потенцијали за масовен и алтернативен туризам на Шар Планина“

Како да се привлечат што повеќе луѓе и посетели на Шар Планина со цел таму да се одржуваат семинари, обуки и тренинзи во форма на алтернативен туризам. Ова е целта на дводневната конференција „Потенцијали за масовен и алтернативен туризам на Шар Планина“ која во Тетово ја организира Центарот за странски јазици и подготвителни курсеви и обуки „Флуент“.

24/10/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Како да се привлечат што повеќе луѓе и посетели на Шар Планина со цел таму да се одржуваат семинари, обуки и тренинзи во форма на алтернативен туризам. Ова е целта на дводневната конференција „Потенцијали за масовен и алтернативен туризам на Шар Планина“ која во Тетово ја организира Центарот за странски јазици и подготвителни курсеви и обуки „Флуент“.

Намерата на конференцијата е да се даде поттик за развој на алтернативниот туризам во Шар Планина и да се подигне свеста дека има доволен потенцијал за развојoт на локалниот туризам, порачаа организаторите.

-Ја организираме оваа конференција затоа што сакаме да ја стимулираме и неформален туризам, во форма на семинари на отворено, излегување надвор од канцеларии со локални и меѓународни експерти. Мислам дека конференцијата организирана од „Флуент“, е прва од ваков вид и сето тоа во функција не само на развојот на туризмот, туку и во функција на едукација и обука бидејќи на Шар Планина има услови за програми и обуки од едукативен карактер со учесници на локални и меѓународни експерти, истакна Берат Азизи, координаторот на оваа конференција.

Претставниците на туристичките агенции ја истакнаа потребата од унапредување на туризмот преку видот на конференции од овој формат и соработката со клучните туристички актери.

-На Шар Планина има многу поубави места од швајцарските Алпи, но ние треба да ги охрабриме не само младите, туку и жителите на областа на планините шо повеќе да го промовираат туризмот и да ја направат Шар Планина привлечно место и за странските туристи, изјави Садик Абдурахими.

-Покрај сите активности организирани досега и во блиска иднина, зошто да не организираме нешто едукативно и корисно за сите нас, рече координаторот на конференцијата „Потенцијали за масовен и алтернативен туризам во Шар Планина“ , организиран од центарот за странски јазици, подготвителни курсеви и обуки „Флуент“.

Инаку, Центарот „Флуент“ предвидува во блиска иднина да се спроведат обуки, соодветно развојот и неформалното образование на отворено, како семинари во формат за кампување.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Еден починат на 59 години поради Ковид-19, новозаболени 41 лице

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!