Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 14,50 часот било пријавено во Полициската станица за Граничен надзор Попова Шапка дека на територијата на Македонија влегол Ф.А. (на возраст околу 20 години) заедно со уште неколку други лица од Косово илегално влегле во Република Северна Македонија.
Потоа пешачеле до „Караниколичко езеро“, при што, според пријавеното, се капеле, Ф.А. се удавил. Едно од лицата се вратило во Косово каде го пријавил настанот во полициска станица Драгаш, од каде потоа е известена полициската станица Попова Шапка.
Денес 29.08. околу 09,00 часот увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител со хелихоптер пристигнале на местото на настанот и од водите на езерото било извадено телото на Ф.А..
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција. Останатите лица кои биле со починатиот биле приведени во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.