Десетина единици крв се собраа денес при крводарителната акција која Службата за трансфузиологија и општинската организација на Црвениот крст ја организираа во просториите на Секторот за внатрешни работи Тетово.
-По оваа акција вкупниот број собрани единици во СВР Тетово изнесува над 50, додека до крајот на годинава планирана е уште една ваква акција, со напомена дека просечно годишно во овој Сектор се собираат по стотина единици крв, соопштија од СВР Тетово.
Меѓу крводарителите беше и началникот на СВР Тетово, Амир Далипи. Тој заклучно со денешната акција бележи 40 пати како дарува крв.
А.С