• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Кризниот штаб на Тетово одлучи да се зголеми бројот на пожарникари

01/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Кризниот штаб на Општина Тетово по најновиот состанок ноќеска поради поплавите и пожарот, донесе одлука да се зголеми бројот на вработени во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)  Тетово како и со потребните средства бидејќи тие се недоволни за покривање на територијата на 5-те околни општини. Ова според штабот се наметна со искуствата што ги имаше локалната власта последните денови за санирање на состојбите од поплави и пожар.

-Затоа бараме да има согласност да се зголеми бројот на вработени во ТППЕ како и Владата да ги снабди ТППЕ со потребните средства, со цел во вакви случаи тие да бидат поефикасни и попродуктивни. Исто така бараме да се ангажираат и други работници, но да се донесат и соодветни возила за во случај на други непогоди да немаме проблеми во интервенцијата и да спречиме поголеми трагедии, соопштија од Општина Тетово.

Донесе е одлука Општинскиот инспекторат Тетово да подготви извештај за сите индустриски капацитети, во која категорија припаѓаат (какви елаборати поседуваат) и каде го одлагаат индустрискиот отпад.

-Во меѓувреме, сопствениците по завршување на правното вештачење во најкраток можен рок да го санираат отпадот од пожарот врз основа на еколошки стандарди, велат од Кризниот штаб.

Ќе се бара Влада да помогне за парично обештетување по проценка на штетите предизвикани на физички лица како и на училишни згради и јавна инфраструктура од лошото време што го зафати тетовскиот регион. Од Министерството за животна средина и просторно планирање се бара провери и да утврди дали е функционален апаратот за мерење на квалитетот на воздухот во Тетово – директен пристап до тековните податоци за квалитетот на воздухот, во спротивно носење на мобилен уред за оваа намена.

-Барање до Владата на Северна Македонија да помогне со механизација за чистење (миење) на патишта како и средства за дезинфекција на истите и на објектите оштетени од поплавите во Тетово. Барањата кои произлегуваат како резултат на Заклучоците од состанокот на Кризниот штаб, во текот на наредниот ден, општина Тетово ќе ги упати до Владата, со цел што поскоро да се преземат мерки, информираат од Општина Тетово.

Ќе се распореди стражарска екипа од ТППЕ и СВР Тетово за обезбедување, како и Брза помош на местото кое беше зафатено со пожар во следните 24 часа. 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Работилници во ООУ „Гоце Делчев“-Тетово за инклузија на деца надвор од образовниот систем

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.