• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Лицата со телесен инвалидитет имаат потреба од поголема грижа поради пандемијата на коронавирус

Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар апелира до надлежните институции да водат поголема грижа за лицата со хендикеп во ситуацијата со ограничено движење на останатите луѓе кои во нормални услови би можеле да им помогнат.

25/03/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар апелира до надлежните институции да водат поголема грижа за лицата со хендикеп во ситуацијата со ограничено движење на останатите луѓе кои во нормални услови би можеле да им помогнат. Тој потенцира дека лицата со хендикеп зависат од други луѓе и овие вонредни услови ги доведуваат во опасност нивното здравје и живот.

-Нашите членови се луѓе врзани дома за кревет, мора да им дојдат два-тројца од страна за да им помогнат, само до тоалет да отиднат. Еве на пример моменто јас сум сам дома, брат ми е живее во друга куќа, жена ми е во Скопје по потреба, доаѓаат за помош пријатели, фамилија. Ама и тие се во категорија на постари  лица и за нив е забрането да се движат во текот на денот, прво за нив е тешко, објаснува Велибор.

Како ранлива категорија на луѓе особено се чувствителни на вакви ситуации со ширење на заразни болести и затоа е потребна уште повисоко ниво на хигиена, одржување на здравјето кај лицата телесен инвалидитет,вели тој.

-За телесните инвалиди од особена важност се материјали за одржување хигиена, како влажни марамици, пелени, како и од заштитни маски и ракавици кога им доаѓаат други луѓе да им помагаат, а самите не ни можат ни смеат да излегуваат да ги набавуваат, вели Јаќимовски.

Тој потенцира дека доколку државата доследно ги спроведувала обврските од меѓународната конвенција за лицата со посебни потреби не би доаѓало до вакви ситуации.

-Таа конвенција предвидува центри за згрижување каде во случај на пандемија итно би се носеле и би имале 24 часа институционална грижа и заштита, објаснува Јаќимовски.

Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар  брои 790 членови.  Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп е донесена во рамки на Обединетите Нации од 2006 година. Тука е ратификувана во 2011 година.

А.С

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Втора недела без пазарен ден во Тетово за да нема собирање на многу луѓе

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!