Малолетник кој како пешак се движел по патот Отушиште-Теарце бил удрен од возило вчера околу 17 часот. Поради повредите бил однесен во тетовската болница за укажување на лекарска помош.
-На локалниот пат што ги поврзува тетовските села Отушиште и Теарце, вчера (11 мај) околу 17 часот, патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 26-годишниот Н.И. од Теарце, удрило во малолетен пешак од истото село.
Повредениот пешак пренесен е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
На местото на незгодата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Од сообраќајните контроли вчера казнети се 39 возачи, а при тоа санкционирани се 31 други видови прекршоци.
А.С