Вчера (7 јуни ) околу 15 часот и 30 минути, на улица „Блок 70“ во Тетово, пред станбена зграда, полициски службеници на СВР Тетово пронашле марихуaна, оставена зад електрично сандаче. Марихуаната е фотодокументирана и подигната за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира денес СВР Тетово.