• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

МВР : Отказ за советникот во кабинетот на поранешниот министер Чулев за инцидент во Тетово

Според МВР, државниот советник насилнички се однесувал кон командирот З.Т.. и со таквото однесување го нарушил угледот на командирот З.Т. и угледот на Министерството за внатрешни работи, постапувајќи спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи помеѓу полициските службеници.

18/09/2020
во Вести
МВР
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерството за внатрешни работи издаде соопштени во кое наведува дека денеска, по спроведената дисциплинска постапка од соодветната дисциплинска комисија, му го откажа договорот за вработување на З. Ѓ. на работното место државен советник за полициски и криминалистички работи во кабинет на министер при Министерството за внатрешни работи, кој на оваа позиција беше поставен во периодот на техничката влада, кога на чело на МВР беше г-дин Наќе Чулев, а поради насилно и недолично однесување на јавно место, со што го нарушил угледот на Министерството за внатрешни работи.

Toj спротивно на правилата и прописите на Министерството се однесувал непрофесионално и неетички, односно на начин кој не доликува на еден полициски службеник. Решението е донесено согласно член 208 став 1 точкa 4, 10, 14 и 20 од Колективниот договор на МВР, а во врска со член 187 став 1 точка 4, 10, 14 и 20 од Законот за внатрешни работи, велат во соопштението од МВР.

Според МВР, дисциплинската комисија утврдила дека на 15.07.2020 (ден кога се одржаа парламентарните избори) околу 15,30 часот во Тетово, државниот советник З. Ѓ. отишол на местото каде се вршел увид на сообраќајна незгода, каде што се наоѓале командирот З.Т. и уште двајца полициски службеници, и на дрзок начин со навреди и пцовки се нафрлил врз З.Т. и се обидел физички да го нападне. Државниот советник насилнички се однесувал кон командирот З.Т.. и со таквото однесување го нарушил угледот на командирот З.Т. и угледот на Министерството за внатрешни работи, постапувајќи спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи помеѓу полициските службеници.

Во врска со настанот било постапено од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, за што бил изготвен извештај од 20.07.2020, согласно кој е поднесена и кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

-Овој акт е уште еден показател на цврстата определба на МВР да има нулта толеранција за однесување спротивно на правилата и прописите на Министерството, а насилничкото однесување и предизвикување на неред да бидат најостро санкционирани. Полицијата е чувар на јавниот ред и мир, па оттаму МВР нема да дозволи полициски службеник да биде иницијатор и главен актер во негово нарушување. Напротив, полициските службеници треба да бидат пример со своето однесување. Заврши времето на неказнивост на луѓе на високи позиции само затоа што се дел од одредена политичка елита. Законите важат еднакво за сите граѓани, стои во денешеното соопштение на МВР.

 

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 31 мај

30/05/2023
Следна објава
МВР

Нападнат челопечанец, па тој попречувал полицајци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!