• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Меморијален марш Ласкарци-Тетово-Гостивар

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари најави дека во знак на благодарност до жителите на Ласкарци се прави обид неговата општина да им помогне во изградба на улица. 

13/02/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Меморијалниот марш во спомен загинатите во сообраќајна несреќа кај Ласкарци започна изутринава околу 6 .30 часот, а учесниците кои пеш тргнаа од селото кон Гостивар околу пладне одморија на отрилика половина од патот кај тетовската патарина. Таму ги пречека гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари. Најави дека во знак на благодарност до жителите на Ласкарци се прави обид неговата општина да им помогне во изградба на улица.

-Иницијативаа со месната заедница ја договоривме како благодарност до селото за нивната помош која ја укажаа кога се случи несреќата. Одлуката беше заедничка, да се изгради уличка со бекатон. Бидејќи нема жиро сметка на име на селото и месната заедница, предвидените 5000 евра се уште се на буџет на општина Гостивар. Се надеваме да најдеме невладина организација од Ласкарци за да се префрлат средствата и да се релаизира идејата, рече Таравари.

Исто така во иднина ќе се прави обид секоја година овој марш да биде традиционален и да им се оддаде спомен на загинатите.

-Кога групата добронамерни граѓани ја предложи идејата за меморијален марш  со срце и душа реков ќе го поддржиме. Јас не можев да пешачам, но ми се допаѓа идејата да ја одржиме како традиција, рече Таравари.

Во групата од 60-тина луѓе кои стигнаа до Тетово имаше членови на семејствата на загинатите и повредените, рекреативци и спортисти.

-Целта е да се поддигне свеста кај граѓаните, да бидеме попретпазливи во иднина додека возат, а до надлежните праќаме порака да преземаат мерки за побезбеден сообраќај, изјави Замир Мустафаи, учесник во маршот.

. Пред една година 16 патници загинаа, десетици беа повредени во сообраќајната несреќа кај Ласкарци по превртување на автобус кој се движеше од Скопје кон Гостивар.

А. С

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Река Пена во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!