• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Меѓународен ден на трудот 1 мај

Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго.

01/05/2020
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.

Во знак на почит кон жртвите од штрајкот во Чикаго, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред сè во комунистичките и бившите комунистички земји. И во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник. До 2006 година тој се празнуваше 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Во Македонија главно празникот не се одбележува политички и, наместо тоа, се користи како ден за екскурзии во природа.

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Инфо компас

Повик до граѓаните за присуство на едукативна здравствена работилница за превенција на мозочен удар

24/03/2023
Инфо компас

Прекини во напојување со електрична енергија на 23 март

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Почнаа подготовки за претставата „Бог на масакрот“ прва премиера на Тетовски Театар за 2023 година

21/03/2023
Следна објава

Изречени 80-тина предупредувања за неносење заштитна опрема, 31 лице со писмено предупредување

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.