• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Меѓународен натпревар за квалитет на мед во Тетово

Меѓународен натпревар за квалитет на медот ќе се одржи во Тетово на крајот од октомври, а во рамки на организацијата викендов во градот стручна комисија изврши проценка на пристигнатите примероци мед.

06/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Меѓународен натпревар за квалитет на медот ќе се одржи во Тетово на крајот од октомври, а во рамки на организацијата викендов во градот стручна комисија изврши проценка на пристигнатите примероци мед. Натпреварот го организираат здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“.

-Викендов стручна меѓународна комисија од четворица дегустатори врши проценка на седум органолептички парамери за квалитетот на медот. Се тестираа 250 примероци на мед од вкупно 15 земји. Комисијата ја предводи Слободан Јефтиќ, меѓународен судија од Србија, изјави Владимир Петровски, претседател на здружението „Полошки мед“.

Во текот на наредните денови ќе се спроведе и втората фаза за бодување на примероците мед преку хемиска анализа.  Сите учесници ќе добијат бодови и рангирање кое ќе биде познато на денот на одржување на натпреварот кога и ќе се претстават производителите.

-Целта е да се потенцира дека имаме квалитетен мед и да оддадеме поддршка на овој вид органско производство. Од нашата земја сакаме да го издвоиме медот од костен како најквалитетен од сите видови, рече Петровски.

На завршниот дел од натпреварот производителите ќе се претстават во повеќе групи на мед-ливадски, багремов, костенов, метлика и други видови.

Тагови: квалитетмедмеѓународен натпревар

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Гоџи бери од Азија го бидува и на тетовската почва

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.