• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Министерката Мила Царовска: Поголема социјална заштита на повозрасните лица дома, отколку „гетоизација“ во старски или пензионерски домови

02/12/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Моделот на управување со пензионерските домови ќе се менува со цел да се понудат посовремените модели на заштита на највозрасните лица, најави министерката за труд и социјална работа Мила Царовска од Тетово при посетета на Здружението на пензионери. Засега домовите ги менаџираат здруженијата на пензионери,  Сојузот на пензионери како  Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кои треба да имаат иста формула за менаџирање.

-Направивме заедно со Светска банка проценка дека треба да се донесе одлука во која насока ќе се управуваат овие домови за пензионери.Ние сме во соработка и дискусија во ова прашање. Сигурна сум дека во наредниот период ќе се најде конечниот модел и ќе почне импленентацијата. Ние како Влада не само што се грижиме пензиите да растат туку и важно е современи модели на заштита да нудиме, рече Царовска.

Постои насока која предвидува социјална заштита за повозрасните таму каде веќе живеат, за да се избегне гетоизација во пензионерските домови, смета Царовска. Насоката е да се формират општински претријатија кои ќе имаат вработени кои ќе даваат социјални услуги за стари лица.

-Во моментов имаме оглас за сите општини, а се однесува на тоа да развијат социјални услуги на локално ниво и ќе се изненадиме дека од 65 општини кои аплицирале 56 побарале грижа во домашни услови. А таа е услуга која во наредната година со помош на МТСП не само техничка туку и финансиска ќе се развиваат тие услуги и понатаму општините ќе може да менаџираат на еден ваков тип на претријатија кои ќе значат од 2 до 24 часа поддршка за возрасните лица. Ова не само што нуди грижа за возрасните лица туку и вработување и на некој начин со една акција правиме две добра во една иста општина. Јас посакувам да овој модел биде поуспешен од сите други форми на згрижување затоа што и старските и пензионерските домови на некој начин се геотизација. Се на некој начин исклучување од секојдневното живеење. Јас како министерка и Владата се залагам за целосно вклученост за сите лица додека можат, потенцира Царовска.

Таа на средбата со пензионерите од Тетово разговараше за претстојното зголемување на пензиите, но и за други актуелни прашања поврзани со повозрасната популација.

-Со пензиската реформа само за една година направивме заштеда во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 3 милијарди денари, а минималната плата порасна за 15% што ни дава за право да направиме трето усогласување на пензиите коешто ќе биде законско. Во јануари 2020 година сите пензии ќе пораснат за 700 денари и дополнително ќе се усогласат со 160 до 200 денари со што до крајот на 2020 покачувањето ќе изнесува околу 900 денари”, рече Царовска.

На сребата беа и Илија Ивановски, заменик директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајкова. Тетовското здружение го раководи Селвер Амети.

 

Тагови: зголемување пензииминистеркапензионеритруд и социјала

Поврзани објави

Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Следна објава

Самостојна изложба „ШкрабАрт“ на Гоце Божурски во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.