• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Министерот Бектеши со најава дека претстојната сезона ќе работи новиот шестосед ски лифт на Попова Шапка

Според него на новиот ски-лифт ќе се пристапи кон технички прием во рок од 3 до 4 недели.

25/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Новиот шестосед ски лифт кој се гради на Попова Шапка ќе биде во употреба за оваа зимска и скијачка сезона, оцени министерот Бектеши кој денес беше на увид на одвивањето на градежните работи на патот до ски центарот. Според него на новиот ски-лифт ќе се пристапи кон технички прием во рок од 3 до 4 недели.

-Ќе има теститање на ски лифтот  ќе се овозможи на ЕЛЕМ Турс да го стави во функција пред да почне зимската сезона кога Шапка се посетува најмногу. Нема да застанеме тука, нашата цел е да се создадеме регионален центар кој нема да придонесе само во локалниот развој туку и во регионалниот каде ќе се креираат нови работни места, рече Бектеши.

Анализите кои се прават ќе дадат насоки како во иднина Попова Шапка ќе се развива, а одлуката ќе биде донесена наредната година,рече министерот.

-За таа цел се спроведува кај ЕЛЕМ Турс „дју дилиџенс“ анализата,  сега чекаме и физибилити студијата и врз основа на тие документи кои се многу прецизни ќе ни дадат насока каде треба да се движиме. „Дју дилиџенс“ е финансискиот аспект во длабочина на ЕЛЕМ турс како сестра компанија на ЕСМ. Физибилити студија ќе даде две до три опции на кај треба да се движиме и секако ќе ги рангира тие опции согласно студијата што е направена од професионална куќа и ќе предложи на Владата какви мерки треба да се преземе во иднина. Така наредната година ќе се знае што ќе се прави воопшто со Попова Шапка, со ски лифтовите, хотелите и во целост што со ЕЛЕМ Турс, истакна Бектеши.

Министерот посочи дека Министерството ќе даде помош на општина Тетово околу останатите активности за подобрување на инфраструктурните услови на Попова Шапка и викенд населбата.

Тагови: најавапопова шапкаски лифтски сезонашестосед

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Универзитетот во Тетово го одржува 13-тиот Меѓународен семинар за албанологија насловен „Јазикот, книжевноста и идентитетот“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.