• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Министерот за здравство Венко Филипче во посета на тетовската клиничка болница

12/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот за здравство Венко Филипче ги посети Инфективното одделение и Биохемиската лабораторија во тетовската клиничка болница

-Реновирањето во овие два оддели од болницата доаѓа по минатогодишната посета и договор со раководството за потребата за инвестирање. Во инфективното одделение има комплетно нова инфраструктура, кревети и се што потребмо за пациентите и персоналот. Во лабораторијата има исто така подобрени услови за работа и прием на пациенти, при што се бележи 20 проценти повеќе услуги од лани, и за болнички пациенти и за пациенти од кои имаат потреба од амбулантски прегеди на крвта, рече министерот Филипче.

Според првиот човек на здравството, тетовската болница и кадровски е силно екипирана.

-Зајакнат е капацитет во двете измнати години. Има над 150 луѓе нов персонал, севкупно како и дополнителни 40 лица договори на дело кои треба да добијат договор на неопределено. Огромен број на субпецијалистисти се вратени и со тоа има нови дејности во болницата што значи се достапни за сите пациенти во овиој регион, а навистина е голем регион со многу жители. Тоа се субспецијалисти од гастроентеропатологија, еднокринологија и нефрологија. Тоа отвора можност за повеќе термини и подобра услуга за сите жители, истакна Филипче.

Министерот информираше дека од лани, болницата соработува со Трауматологија од Скопје од каде специјалисти изведуваат ортопедски интервенции посебно во спинална хирургија, услуга за која се патувало и чекало во главниот град.

-Тетовската болница беше дел од Перимак проект со опрема и кадар од гинекологија и неонатално лекување во специјално обучување со кое се подигна за еден степен нивото на родилиште при што значајно е намалена неонаталната смртноста во нашата земја скоро преполовиена во однос на послените 8 до 9 години, рече Филипче.

Во скоро време се очекува започнување на постапката за набавка на нова опрема за пет болници низ државата, најави министерот за здравство Венко Филипче кој беше во посета на тетовската клиничка болница. Според него уште на почетокот на 2020 болниците ќе може таа опрема да ја користат.

-За опремување на ургентен центар во Тетово, како и болниците во Струмица, Штип и болницата Свети Еразмо во Охрид  сме имале разговори со премиерот Заев и има финансиска поддршка за купување нова опрема. Постапката ќе ја започнеме, а на почеток на следната година ќе биде инсталирана и на располагање, најави Филипче.

Тој истакна дека се работи на што поскоро да профункционира новиот систем за патронажи посети во оддалечените рурални места.

-Дефицитот со кој се сочени рурални далечни места ќе се надминува со имплементирање на мерката за патронажни сервиси. Млади лекари со лиценца ќе бидат дел од здравствените домови како патронажни сервиси и вакцинални пунтови и по принцип на ротации ќе даваат услуги во оддалечените места.  Со истиот систем на ротација и ќе фунционираат и мобилни аптеки, сега кога со ослободување од квотите нема да има проблем за испорака на лекови, рече Филипче.

Министерот истакна и дека лекари кои сакаат да преминат од приватниот сектор во јавните установи тоа ќе можат да го направат согласно трендот на одобрување на согласностите за вработување во јавното здравството, каде во изминатите две години се бележат вкупно 5000 нови вработувања и како и тоа дека секоја установа за најмалку 10 отсто го зголемила својот кадровски капацитет.

Поврзани објави

Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Следна објава

Протест пред зградата на општина Тетово во пресрет на владината седница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.