Министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со претставници на Стопанската комора на Северозападна Македонија денеска во Тетово ја посетија компанијата „БФМ компани“ која оваа година се прикличи на процесот „Учи паметно, работи стручно“ која воспостави соработка со средното техничко училиште „Моша Пијаде“ за практична обука на ученици што од септември би биле дел од нова дуална паралелка во машинската струка во ова училиште. Министерот истакна дека постојано расте бројот на дуални паралелки.
-Ако минатата година имавме само 11 дуални паралелки, годинава 97 паралелки, од септември ќе имаме многу повеќе од 150 и тоа е потврда на успешните процеси кои ги спроведува Министерството за образование и наука во делот на средното образование, а со поддршка на партнерите. Гледам позитивна работа затоа што стручното образование не застанува патот кон високо образование. Освен можност за учење претставува и можност за добивање на професија и ќе имаат простот за унапредување во кариерата, изјави Шаќири.
Министерот истакна задоволство што бројот на компании кои покажуваат интерес да учествуваат во реализацијата во образовниот процес, односно во практичната обука на учениците постојано се зголемува.
-Тоа е токму како резултат на дијалогот кој го водиме со коморите, училиштата и општните, а со поддршка на Швајцарската амбасада. Оваа компанија е една од нив и во новата учебна година ќе ги отвори вратите за ученици кои ќе одлучат да се образуваат во машинската струка во „Моша Пијаде“. Тоа е придобивка за самата компанија бидејќи во суштина учествува во креирање на потенцијална работна сила за своите производствени и организациски процеси, а воедно и придобивка за општеството бидејќи се подигнува вработливоста на младите и се скратува времето на премин од образование кон работа“, рече Шаќири.
Новиот конкурс за упис во средно образование ќе биде објавен на 31 месецов и ги содржи сите предлози и сугестии за отворање на одредени струки и профили во средните стручни училишта. Упати апел до деветоодделенците да се фокусираат на дуалните паралелки и да го одберат овој тип на образование, бидејќи, како што рече, нуди просперитет, брзо обезбедување на работен ангажман, пристојна плата, но и добра основа за понатамошна академска наобразба. Потсети и дека МОН доделува стипендии во месечен износ од 3.500 денари за сите ученици кои ќе се запишат во дуална паралелка.
ас