Се одржа најавената консултативна средба на претставниците на иницијативата „Тетово сака парк“ со членовите на Советот на Општина Тетово. На средбата од 31 советник, речиси половината од нив, кои имаа прилика да ги слушнат деталите за иницијативата за парк. Потоа се разви дискусија во која се разменуваа ставови, мислења како и одговори на прашања.
Сите советници кои зборува ја истакнаа поддршката за оваа иницијатива, но од друга страна потенцираа голем број, според нив, пречки и проблеми поради кои тешко е да се реализира идејата да се формира градски парк, без да се понудат решенија за проблематиката.
-Ќе ја поддржиме оваа иницијатива но треба да гледаме и какви ни се проблемите. Ние имаме проблеми со експрпријацијата на еден булевар десет години. На предложените места кои биле државни па продадени на приватни инвеститори и додека да се спремиме да влеземе во експропријација ќе поминат 30-40 години. Ние тие места што се во соптсвеност на општина Тетово ќе правиме паркови тие што се на приватни инвестороти таму е многу тешко е да се направи парк, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот на Општина Тетово.
Хамди Сулејмани, советник од редовите на граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ и претседател на комисијата за урбанизам при Советот исто така смета дека има повеќе пречки за реализацијата на идејата.
-Ова е една од најдобрите иницијативи која расте во Тетово. Имотни правни односи и проблеми има многу кои многу години седат како нерешливи проблеми. Како човек од струката сметам дека реализацијата на идејата за парк е можна фазна или парцијална додека комплетно е невозможно, рече Сулејмани.
Од иницијативата „Тетово сака парк“ потенцираат дека советниците многу грижа полагаат за приватните сопственици кои се помал дел од предложениот потег во споредба со јавниот интерес за формирање на парк за сите граѓани. Иницијаторите порачаа дека се работи за доминанта државна сопственост на земјиште кое лесно може да се провери преку институциите.
-Ниту советниците, ниту ние, ниту општината ја измисли приватната сопстевност и доколку приватна сопственост било пречка, Македонија немаше да има еден инфраструктрен објект.Советниците како да не се од разни групи туку имаат горе толу исти ставови и ги преферираат отежнителните околности наместо предностите за реализација. Втората работа, кога се има волја и секогаш се наоѓаат начини. Кога има отсуство или недостаток на волја почесто човекот сака да наоѓа изговори. Третата работа- и тој што има за желба за повисоко јавно добро секогаш ќе прифати се што може и тоа што е над неговите сили само да се придонесе кон оставрување на јавниот интерес, изјави Даријан Сотировски, од иницијативата „Тетово сака парк“
Иако првичнио имаше различни ставови, сепак дискутантите се согласија да продолжат ваквите средби, а по иницијатива на претседателот на Советот најавена е средба и во општинската зграда.
-Единицата на локална самоуправа е претставнички орган преку Советот на самите граѓани така да советот е непосредното одлучување на нас, граѓаните. Затоа тука почнавме-втората инстанца која се наоѓа во склоп на општината е градоначалникот. Сигурно е дека во следниот период ќе се обидеме да најдеме разбирање и од градочалникот, изјави Сотировски.
Иницијативата беше поднесена до општината и согласно законот за локална самоуправа како писмен предлог, за кој од „Тетово сака парк“ очекуваат и одговор во рамки на определените 60 дена. Онлајн петицијата ја потпишаа над 3000 граѓани.
ас