• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Инфо компас

Министерство за економија ја замрзна цената на јужно овошје согласно 11 март-На сила откако ќе биде објавена во Службен весник

20/03/2020
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На предлог на Министерството за економија, Владата на Северна Македонија на денешната седница донесе Одлука за замрзнување на цените на лимон, портокал, мандарина и грејпфрут и клементини.

Според Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки се определува највисока трговска маржа на овие производи за трговски друштва и трговец поединец која се применувала во периодот од 1 јануари 2020 година до 11 март 2020 година кога од страна на Светската здравствена организација (СЗО) беше прогласена пандемија на Коронавирусот COVID- 19.  Според Одлуката оваа маржа ќе важи до 30 април 2020 година.

Одлуката ќе стапи на сила откако ќе биде објавена во Службен весник.

Согласно состојбата за прогласување на пандемијата, трговците овие денови ја зголемуваат продажната цена на јужното овошје, каде што цената на лимонот драстично се зголеми и достигна 180 денари по килограм.

Според податоците добиени од Царинската управа на Северна Македонија за период од 11.03.2020 година до 19.03.2020 година увозната цена на портокалите се движи од 15 денари за килограм до 29,7 денари за килограм. Најизразена е маржата кај лимоните со оглед на тоа што увозната цена се движи од 32,3 денари по килограм до 45 денари по килограм. На ден 19.03.2020 година увозната цена на лимонот била 35 денари по килограм, а малопродажната цена достигна и до 180 денари по килограм.

Оваа одлука е со цел да се надмине злоупотребата на моменталната состојба на пазарот за да се заштитат потрошувачите во услови на зголемена побарувачка на пазарот на овие производи и цената да се врати на нормално ниво, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството за економија овој Предлогот за замрзнување на цените на јужното овошје го достави до Владата откако се зголеми бројот на пријави од страна на граѓаните за енормно зголемување на цените овие производи.

Апелираме до сите граѓани кои во трговските објекти ќе увидат енормно зголемување на овие производи да пријават во Државниот пазарен инспекторат.

Казните за оние кои ќе ги прекршат Одлуките на Владата се движат до 5.000 евра, па и казна затвор согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик,се вели во соопштението на Министерството.

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Теми и интервјуа

Фирмите најголеми неплаќачи на даноци во Општина Тетово

23/09/2023
Инфо компас

Изучување на курсеви по англиски и германски јазик во Отворен граѓански универзитет за доживотно учење Тетово  

15/09/2023
Следна објава
црвен крст

Само едно лице од Тетовско побарало од Црвен крст да му донесе храна и лекови

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!