• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Министерство за здравство:Правилната употреба на маската за лице е клучна за ефикасно спречување на ширење на вирусот

06/08/2020
во Инфо компас
здравство министерство
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Правилната употреба на маската или прекривката за лице е клучна за ефикасно спречување на ширење на вирусот,  наведуваат од Министерството за здравство во денешното обраќање до јавноста.

-Во Република Северна Македонија задолжително е носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можност за одржување на дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари,отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично. Важно е маската да се употребува секогаш кога не може да се одржи потребното растојание и како што е дефинирано во протоколите – и на работни места, состаноци, обуки, конференции, настани и собири на отворено, на плажи и слично.

Пред употреба, потребно е рацете да ви бидат чисти, претходно измиени со сапун и вода (во времетраење од 60 секунди) и откако добро ќе ги исушите да ги дезинфицирате со дезинфекционо средство (во времетраење од 20 секунди) на база на алкохол, па потоа да ја наместите маската. На горниот дел од маската има метален адаптер кој треба да го притиснете со што ќе ја адаптирате маската прилагодувајќи ја истата на носот, а со ова ќе ја прилепите за лицето со што целосно ќе ги прикриете устата и носот.

По употреба, внимателно отстранете ја маската ластикот на едниот крај кај увото према другата страна со што помалку допирање на истата. Маската треба да се фрли во отпад со капак со што ќе се заштити и околината од можно дополнително ширење на вирусот. Потоа, повторно измијте ги и дезинфицирајте ги рацете, како на почетокот.

Доколку користите платнена маска/ прекривка за лице внимавајте да бидат целосно покриени носот и устата, не ја допирајте од предната страна со раце и во случај да се намокри или извалка променете ја со нова. Маските за повеќекратна употреба мора да се перат по секоја употреба, ставањето и отстранувањето на маската мора да биде проследено со соодветна хигиена на раце.

Клучно за справување со вирусот е доследно да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од страна на секој граѓанин – носење на лична заштитна опрема – маска, одржување на растојание од 2 метри, честа хигиена и дезинфекција на раце, стои во соопштението.

Поврзани објави

Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 31 мај

30/05/2023
Инфо компас

Програма за утрешниот настап на Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“

30/05/2023
Вести

Универзитетот во Тетово го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов

29/05/2023
Следна објава
ЈКП вода знак дефект

Тетово и утре без вода, отстранети дел од дефектите, се стабилизира водоснабдувањето

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!