• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Министерство за здравство: Подобрување на условите во болницата во Лешок

За активностите кои се спроведени во изминатиот период во болницата во Лешок вчера се информираше министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, при неговата посета и средба со директорот д-р Исмаил Ваити и вработените во оваа здравствена установа.

23/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пациентите прв пат имаат можност за рехабилитација во дворот на Специјализираната болница за белодробни заболувања и ТБЦ во Лешок со долга патека поставена на повеќе нивоа по која може да одат на кратка прошетка, на чист воздух и да се одморат на изградените и уредени одморалишта. Со одобрени средства од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување купено е земјиштето под објектот на болницата. На овој начин не само што е зголемена дворната површина, туку во завршна фаза е реализацијата на проектот за санирање на свлечиштето и изградба на пешачка патека околу болницата. Ова беше нужна измена за подобри услови за пациентите и здравствениот персонал, информираат од Министерството за здравство.

Извршено е и пошумување со над илјада зимзелени дрвја, обезбедени со сопствени средства и со донација, а извршено е и реновирање со нова фасада.

-Во изминатиот период, завршено е инсталирањето сопствен агрегат за струја, што е од огромно значење за установата. Реализиран е проектот изградба на лифт, со кој е решен проблемот за транспорт на пациенти, а проширен е и паркинг просторот пред болницата со што е овозможена полесна пристапност на пациентите, велат од ресорното Министерство.

За 2 години се реализирани четири вработувања, а здравствените работници во две фази имаат зголемени плати и подобрени услови за работа за овозможување квалитетна здравствена нега.
За активностите кои се спроведени во изминатиот период во болницата во Лешок вчера се информираше министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, при неговата посета и средба со директорот д-р Исмаил Ваити и вработените во оваа здравствена установа.

Тагови: болницаЛешокминистер здравство

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Се собираат училишни материјали за ученици во социјален ризик

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.