• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Михаела Мишовска од „КК Тигар 2003“ Тетово со признание за најдобра кадетка

10/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Михаела Мишовска членка на карате клубот „Тигар 2003“ од Тетово е прогласена во групата на три најдобри кадетки на државно ниво на изборот за најдобри клубови, тренери и натпреварувачи за 2020 година на Карате федерацијата на Македонија што се одржа викендов во Скопје. Таа доби признание за најуспешна каратистка за кадетки со помалку од 47 килограми.

-Михаела има 15 години, а титулата ја доби во категоријата кумите кадети женски. Таа во февруари 2020 година учествуваше на европското првенство во Будимпешта, Унгарија, откако претходно во 2019 беше првак на државното првенство за кадети во кумите женска категорија минус 47 килограми. Има и три учества на Балканските првенства. Ова признание е мотивација за понатамошни успеси во кариерата и се надеваме дека 2021 со пребродување на пандемијата и натпреварувачите ќе се вратат на татамите (борилишта) со поголеми успеси, информира Живорад Мишoвски нејзиниот тренер и татко.

На изборот за најдобри натпреварувачи во сениорска конкуренција во кумите беа прогласени Емил Павлов во машка и Вероника Костовка во женска конкуренција. За најдобри натпреварувачи во сениорска конкуренција во кати беа прогласени Ферри Исиќ во машка и Пулексенија Јованоска во женска конкуренција. За најдобар младински и сениорски клуб беше прогласен карате клубот „Макпетрол“ а за најдобар младинки и сениорски тренер Бошко Заборски. Победници беа прогласени и во младински и кадетски категории. Во кумите сениори до 21 година машки признание има и Вегим Мурати од КК „Шкендија“ од Тетово.

А.С

Поврзани објави

Вести

Од 21 до 3 часот полицијата открила шест возачи под дејство на алкохол

23/09/2023
Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Следна објава

Планирани исклучувања на електричната енергија за 11 февруари 2021

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!