• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Младите без интерес за вакцина против Ковид-19

07/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во вакциналниот пункт при Здравствениот дом во Тетово се помал е интересот за вакцинирање против Ковид-19, велат тамошните лекари. Според нив се вакцинираат оние кои веќе досега се вакцинирале со две дози, додека младите најмалку се одлучуваат на овој потег.

-Во последниот период има нагло намален интерес на граѓаните за вакцинација. Може слободно да кажеме дека ова последна недела сме имале околу 500-600 пациенти за една недела. Во тоа се пациентите што примиле прва, втора и трета. Тие пациенти што примиле редовно прва и втора доза тие се сепак најредовните што идат и за трета доза. Моментално интересот е поголем само кај тие пациенти што примаат трета доза, а кај пациентите за прва доза нарочито на младите под 30 години е мноигу намален. Во последната недела од купно 600 дадени вакцини за трите дози, за првата доза биле 15 до 18 проценти од таа бројка, изјави д-р Бесник Мустафаи од Вакциналниот пункт.

Д-р Хасан Илјази од Ковид центарот информираше дека викендов имало два смртни слуачи кај луѓето што се болничко лекување.  

-Моментално во Клиничка болница се хоспитализирани 11 пациенти кои се на кислородна поддршка и со други болести кои ја комплицираат состојбата. Пациентите се над 40 години.  Ние ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат мерките кои се поставени од Министерството за здравство и Комисија за заразни болести. Симптомите од Ковид-19 се слични со тие од настинка, поради тоа тие со температура, кашлица и проблеми со дишење добро е да се обраќаат на здравствена установа и да бараат помош и тестирање, изјави Илјази.

Починати се 565 лица од почетокот на пандемијата. 

ас

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Две нови пријави за каснување од бездомни кучиња

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.