Членовите на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина СДММ од Тетово денес започнаа доброволна акција во паркот во Ајдучко маало во градот со цел да се подобри ликот и функционалноста на ова зелено градско катче. Десетина млади луѓе работеа на собирање на расфрланиот смет, да се обноват деловите за деца и дел од инраструктурата.
-Го исчистивме паркот во Ајдучко Маало, ги заменивме скршените нишалки и светилките на канделабрите кои се во функција. Дождот ни го одложи бојадисувањето на бетонскиот дел од клупите, но и нив ќе ги средиме во текот на утрешниот ден. Смеата на дечињата кои први ги пробаа нишалките е нашата награда, истакна Бобан Милосавлевски, претседател на Локалниот клуб на Социјалдемократската младина СДММ од Тетово.