Најголем дел од 18 новозаболните со Ковид-19 во тетовското подрачје се млади лица во старосните категории од 20 до 30 и од 30 до 40 години, информираат од Центар за јавно здравје Тетово. Од 18-те случаи најголем број се во општина Тетово каде има 12, додека 3 има во Теарце. По еден заболен се евидентирани во општините Јегуновце, Брвеница и Желино. Заболена жена од Желино на 60 години е почината на инфективното одделение во Клиничка болница во Тетово.
-Младите лица кои се новозаболени се дел и од скринигот на луѓе без симптоми но и има и новодијагностицирани, закажани за земање брис од матични лекари во Мој термин или едидемиолошки земени од наша страна. Големниот број заболени млади лица најверојанто има врска со отворањето на ресторани, кафулиња, молови, голем број луѓе пред банки и пошти и поради неоодржување на дистанца и маска. Но не мора да значи дека ние треба вечно да бидеме затворени во нашпите домови, напротив треба да се навикнеме да жиееме со вирусот но секогаш да се придржуваме до мерките. Што повеќе придржување до мерките и ќе има помала бројка, рече Наим Скендери, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.
Најновите резултати покажуваат два нови кластери на тетовското подрачје.
-Последните денови и особено денес новодијагностицираните се со полесна клиничка слика и симптоматологија но има и со тешка клиничка слика и тие се хоиспитализирани. Голем дел од случаи се веќе контакти на заразени и имаме нови два нови кластери во општините Тетово и Јегуновце. Секој нов кластер носи нови слачаи со Ковид19 се надевам дека кластерите ќе бидат во помал број и повеќето ќе бидат контакт случаи. Имаме проблем со криење на контакти и симптоми што ни прави проблем во иднина како нови ризик за заболување на нови лица надвор од кластерите, рече Скендери.
Изминатите неколку денови нема деца заболени од Ковид19. Од вкупно 336, активни 165 завболени. Вкупно 26 смртни случаи.
А.С