Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(20) од село Џепчиште, Г.Р.(24) и Б.Р.(25), двајцата од село Порој, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“, соопшти денес Министерството за внатрешни работи.
Тројцата на 22 декември 2018 година на локалниот пат село Џепчиште – село Требош, биле запрени од полициска патрола. При извршениот претрес на возилото со кое се превезувале била најдена и одземена марихуана.