Министерот Венко Филипче на прес-конференција посочи дека Тетово и регионот се едни од местата каде поради непочитување мерки постојано има зголемување на бројот на заболени од Ковид19.
-Од увидот во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата, дека има генерално непочитување на сите изречени мерки – носењето на маските како и дистанцата, како во Тетово така и во околните места кајшто има новодијагностицирани случаи, истакна прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој истакна дека зголемениот број на случаи доаѓаат најчесто од познати кластери, меѓутоа има и некои нови околу тие кластери, во неколку општини
-Уште еден проблем со којшто се соочуваат колегите епидемиолози – одбивањето на соработка од страна на пациентите, потешкотии во спроведувањето на епидемиолошките анкети, одбивањето да дадат точни податоци, даваат лажни адреси, тешко може да се достават решенијата за самоизолација, рече Филипче.
Тој порача дека повторно ќе се воведат рестрикции, таргетирани, локализирани на некои места, согласно бројот на новодијагностицирани или поинакви, ако епидемиолошката состојба тоа го наложи.
А.С