• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 28 мај 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

„Морско дно“ победничка маса на Памела Маџовска на тетовската манифестација „Вешта жена“

12/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Памела Маџовска е победничка на 30-то јубилејно издание на манифестацијата „Вешта жена“ за Тетово. Таа подготви главно јадење, торта и аранжман на маса на насловени „Морско дно“.

Во текот на изборот кој вчера вечер се одржа во Тетово нејзината маса беше претставена под број 1. Освои прво место по гласови од публиката како и прва позиција според гласањето на жирито кое ги оценуваше сите пет маси на учесничките на изборот за највешта жена.

-Оваа година сум добитничка на првата награда на Вешта жена, мојата тема беше „Морско дно“ со главно јадење морски плодови со печурки. Имам голема љубов кон готвењето, сакам да готвам по дома и баш ми е мило што победив и сакам да порачам младите да готват, изјави победничката 20 годишната Памела Маџовска.

Организацијата „Вешта жена“  со овој избор на највешта жена од Тетово одбележа и 30 години од постоењето. Мотото на јубилејното издание на Вешта жена беше „Со здрава исхрана и чист воздух до здрав живот – Тетово сака парк“.На овој начин се даде и поддршка на на истоимената иницијатива „Тетово сака парк“.


-Јубилејното издание беше повод да доделиме благодарници на многу жени кои се дел од манифестацијата овие три децении. Се доделија благодарцници за 30 години активно учество како и за жените со 20, 15 и десет години искуство во натпреварувачкиот дел како и во организацијата и развојот на манифестацијата „Вешта жена“. За особен придонес во образованието признание доделивме на Соња Трифуновска, а во медицината д-р Зорица Билбиловска, изјави Снежана Стојановска, претседателка на Здружението Вешта жена.

Сите победнички на манифестацијата Вешта жена по градови ќе се соочат на републичко финале кое се планира за 14 и 15 октомври во Лешочкиот манастирски комплекс.

Победничката се избира со тоа што жирито дава поени во 8 категории, како што се главно јадење, сервирање и аранжирање на маса, вкус, ескпонат и друго.  Во изборот на победничка се вбројуваат и гласовите на публиката. 

ас

Поврзани објави

Вести

Утре е 40-тото искачување на Титов врв во организација на планинарски клуб „Љуботен“

28/05/2022
Актуелно

Манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ утре по деветти пат се одржува во Теарце

27/05/2022
Вести

Новоформираната јавна установа Национален парк Шар Планина добива средства за функционирање од приватен фонд

27/05/2022
Вести

Пензионерите од цела Македонија во Тетово се собраа на „Мултиетничка средба“

27/05/2022
Вести

Тројца приведени-за најдена дрога, осомничен за кражби и за издржување на затворска казна

27/05/2022
Вести

Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ реализира два проекти со цел афирмација на читањето книги

27/05/2022
Следна објава

Отворен ден на Универзитетот во Тетово, претставени 84 студиски програми пред матурантите

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.