Дел од муслиманските верници во тетовско ја прифатија одлуката на Исламската верска заедница и да ги отвори верските објекти и дојдоа на пладневната молитва.
Во најпознатиот муслимански верски објект Шарена џамија во Тетово верниците кои дојдоа на вратите од објектот наидоа на истакнати писмени упатствија за однесување поради пандемијата, а имаше средства за дезинфекција за раце и заштитни маски за на лице.
-Обврските кои се наложени за верниците се да дојдат од дома со свое сеџаде (мал теписон за клекнување при молитва -н.з) како и да го земат абдест дома (миење на раце и нозе-н.з), да се носи сопствен куран и заштитна маска за лице, истакна Менсур Мифтари, претседател на Одбор на Шарена џамија.
Во просторот за молитва во внатрешноста на џамијата задолженијата се да се држи дистанца, како и да се воздржуваат од поздравување со раце по завршување на намаз-от (молитвата)
А.С