Околу 100 метри кубни смет со 10-тина камиони денес се однесени од локацијата кај православните гробишта во Тетово која наликува дива депонија поради фрлените купишта отпад . Вработените од работната единица „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово со багер ги подигаа огромниот број отпадоци и цврст отпад за да ги натоварат на камиони.
-Оваа локација постојано се користеше за фрлање на смет пред се на луѓе од другите места. Беше договорено со мештаните да им се собира сметот од нивните куќи и да се тргне 5 тонскито контејнер но за жал продолжи несовени поединци од други населби и села сметот да го носат и оставаат на земја со што се формира наново како дива депонија. Затоа беше денес потребно да се собере и однесе големиот куп на смет. ЈКП вака ја завршува работата со подигање на сметот, додека несовесните постапки односно тие што фрлаат смет таму треба да ги санкционираат надлежните комунални инспекции и полиција, потенцираат од „Комунална хигиена“.
Од таму потенцираат дека преносот на сметот е извршен со пет камиони што собираат по 12 метри кубни и 5 возила со 8 метри кубни капацитет за пренос на товар.
А.С