„Назад,назад короно мори” е насловот на препевот на народна песна посветена на состојбата со коронавирусот на тетовските радио водители Игор Бачоски-Бачо и Глигорије Стојановски-Гиге од “Чешит шоу” на Радио Плус Форте. Текстописец е Огнен Неделковски, додека музичкиот аранжман на Никола Димовски-Тмница. Текстот со хумористичен поглед се осврнува на актуелната ситуација со коронавирусот.
-Драги чешитчије и мие се укључивмо у редот на праење песме за „пустава корона“.За оваја песма ни помогна Огнен Неделовски од срце големо фала.Музички ни помогна Тмница и за него големо благодаримо.Се надевамо дека ќе ви се бендиса нашиов музички поглед на целава ситуација, истакна Бачо за најновиот музички потег.
Назад,назад Короно мори
Назад,назад Короно мори
Немој да скокаш по мене
Пикот ќе дојде,пикот ќе пројде
Ти си вирус како другите
Пикот ќе дојде,пикот ќе пројде
Ти си,вирус што ќе помине
Раце мијам,короно мори
И пијам лута ракија
Маска јас си носам,по дома си седам
Мене ништо не ми можеш
Бог да бие,Короно мори
Карантинот кој го измисли
Од дневна соба во спална соба
Три диети не се доволни
Од дневна соба во спална соба
И диета ти ми запусти
Пуста била,Короно мори
Сто кафани ти ни затвори
Жената ме јаде,платата ми доцни
Економски јас сум готов
Назад,назад Короно мори
Крши глава во Италија
Ох,пусти лилјак,ох пуста Кина
Светот и без фудбал остана
Ох,пусти лилјак,ох пуста Кина
Каде сега да се кладам јас?
Раце мијам,Короно мори
И пијам лута ракија
Маска јас си носам,по дома си седам
И суспектен не сум веќе!