Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,15% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 29.06.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од минатата недела (29.06.2020 година).
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 ден/литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг и ќе изнесува 25,980 ден/кг.
Од 07.07.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 63,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 52,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,980 (денари/килограм)