Минатиот месец (април) на поширокото тетовско подрачје регистрирани се вкупно 26 сообраќајни несреќи или 30 помалку во споредба со минатогодишниот април. Во нив нема загинати лица, 1 несреќа завршила со 1 тешко повредено лице, во 11 исто толку лица задобиле телесни повреди, додека во 14 причинета е само материјална штета, информира денес СВР Тетово.
Најмногу од несреќите (21) се случиле во населено место, а 5 надвор од населено место, претежно на тетовските улици (13) и автопатот Гостивар-Тетово-Скопје (5).
Најчести причини и во текот на април биле неправилно вршење на дејствие и неприлагодена брзина според условите на патот. Во овие несреќи најмногу од повредените се сопатници (10).