• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Наместо во Скопје, терапија за малигни болести во градските болници

Пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар.

04/05/2020
во Инфо компас
здравство министерство
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од денеска почна дисперзија на терапијата за дел од пациентите со малигни болести од другите градови и населени места од државата, соопшти Министерството за здравство.

Пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар. Распределбата на онколошката терапија, таа што може да се прима во регионалните центри каде што има услови за тоа, се прави со цел да се заштитат овие пациенти и да не се изложуваат на дополнителен ризик.

Дисперзијата и пренасочувањето на пациентите се применува само за одредени типови карцином заради специфичноста на онколошката терапијата и потребата од посебни услови за примање. Во регионалните центри во Битола, Штип и Тетово ќе се прима супкутана и таблетарна терапија.

Пациентите што ќе бидат пренасочени во некој од овие центри претходно ќе бидат информирани од својот доктор онколог или сестра од Клиниката за онкологија во Скопје, во однос на тоа дали ќе има промени, кој е точниот термин и регионалниот центар каде ќе може да ја прими терапијата или да ги подигне таблетите. При дисперзијата во регионалните центри се следи точниот календар на примање терапија за секој пациент одделно.

Во регионалниот онколошки центар во Битола, терапија ќе може да примаат пациентите од Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Прилеп, Македонски Брод, Демир Хисар и пациентите од селата и населените места околу овие градови.

Во онколошкиот центар во Штип се распределени пациентите од Виница, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Радовиш, Свети Николе, Струмица, Неготино, Делчево и Валандово, и пациентите од селата околу овие општини. Кон регионалниот центар во Тетово се приклучуваат пациентите од Гостивар и Дебар како и селата околу овие општини.

На Клиниката за онкологија и радиотерапија во Скопје, својата терапија ќе продолжат да ја примаат покрај пациентите од Скопје, уште и од Куманово, Велес и Крива Паланка.

Со обезбедувањето побезбеден начин за примање на онколошката терапија, упатуваме апел до пациентите да ги следат препораките од својот онколог за дополнителна заштита и да не се изложуваат на непотребен ризик.

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Следна објава
бензин горива нафта

Поскапе бензинот, пониска цена на дизелот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!