• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Настава со физичко присуство побарале пет тетовски основни училишта

Тоа се училиштата „Реџеп Вока“-Шипковица, „Рилиндја“-Селце, „Беса“-Вешала, „Гоце Делчев“-Тетово и „Андреја Савески-Ќиќиш“-Тетово.

11/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пет основни училишта во рамки на општина Тетово побарале согласност сите одделенија да одржуваат настава во училници со присуство на ученици од прво до деввето одделение.  Тоа се училиштата „Реџеп Вока“-Шипковица, „Рилиндја“-Селце, „Беса“-Вешала, „Гоце Делчев“-Тетово и „Андреја Савески-Ќиќиш“-Тетово.

-Петте училишта доставија барања со образложенија дека ги исполнуваат условите и соодветниот број на ученици за одржување на настава со физичко присуство на сите ученици од прво до деветто одделение. Предлозите се доставени до Министерството за образование и одговорот ќе зависи по контролата на овие институции, изјави раководителот на секторот за јавно дејности при општината Ахмед Ќазими.

Тетовските училишта имаат голем број ученици и речиси сите останати надминуваат бројка од 500 ученици, со што немаат можност да организира наставата во објектите според протоколите.

-Општина Тетово е можеби најголемата по број на ученици и образовни институции, па така просекот на ученици во една паралелка е од 30 до 34 и речиси сите училишта имаат над 1000 ученици што е главниот фактор кој укажува како треба да се реализира наставата во време на пандемија. Имавме интензивни средби со советите на родителите, на учениците и наставниците, како и експертите од здравството во изминатиот период. Одржани се средби со сите директори на училишта, во објектите се работеше на инвестиците во летниот период и сите се технички и технолошки подготови за реализирање на настава согласно двата начини –онлајн и со физичко присуство на учениците. Професорите поминаа и курсеви за настава од далечина во соработка со Министерството и Бирото за развој на образование, посочи Ќазими.

Училиштата организираа и анкети со цел да се изјасната родителите за начинот на одржување на наставата.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Следна објава

Новозаболени 13 поради коронавирусот, излечени 3 лица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!