Во сабота 20 јули 2019 година ќе се одржи второто издание на спортско-рекреативната манифестација „Предизвикот на Шар Планина“ (Sharra Challenge), за најбрзо искачување од Тетово до Попова Шапка, во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.
-Сите учесници ќе тргнат од тетовскиот градски плоштад во 9 часот во сабота. Патеката за планинско трчање долга 10 километри. Релацијата е Тетово – Гајре – Лисец – П. Шапка, по планински патеки. За друмски велосипедизам патека е долга 20 километри, односно од плоштадот по асфалтираниот пат до Попова Шапка. Патеката во планински велосипедизам е исто долга 20 километри, но движењето е во правец Тетово – Бањиче – Шипковица – Лисец – П. Шапка, при што е 75 отсто е планински пат, информираат од организацијата на натпреварот.
Сите учесници кои ќе стигнат до Попова Шапка ќе треба да искачат 1200 метри разлика во надморска височина. Во секоја од трките во трчање, планински и друмски велосипедизам, во машка и женска конкуренција, наградите се: 1-во место златен медал и 5.000 денари, 2-ро место сребрен медал и 3.000 денари како и за 3-то место бронзен медал и 2.000 денари.
Пријавувањето е преку електронска апликација и плаќање на веб страната на www.prvdovrv.mk. Во трките може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за спортска активност според описот на трките. Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед, кацига и резервна внатрешна гума
Александар Самарџиев