• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Натпреварот „Предизвикот на Шара“ по втор пат ќе се одржи во сабота

Во сабота 20 јули 2019 година ќе се одржи второто издание на спортско-рекреативната манифестација „Предизвикот на Шар Планина“ (Sharra Challenge), за најбрзо искачување од Тетово до Попова Шапка, во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

16/07/2019
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во сабота 20 јули 2019 година ќе се одржи второто издание на спортско-рекреативната манифестација „Предизвикот на Шар Планина“ (Sharra Challenge), за најбрзо искачување од Тетово до Попова Шапка, во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

-Сите учесници ќе тргнат од тетовскиот градски плоштад во 9 часот во сабота. Патеката за планинско трчање долга 10 километри. Релацијата е Тетово – Гајре – Лисец – П. Шапка, по планински патеки.  За друмски велосипедизам патека е долга 20 километри, односно од плоштадот по асфалтираниот пат до Попова Шапка.  Патеката во планински велосипедизам е исто долга 20 километри, но движењето е во правец Тетово – Бањиче – Шипковица – Лисец – П. Шапка, при што е 75 отсто е планински пат, информираат од организацијата на натпреварот.

Сите учесници кои ќе стигнат до Попова Шапка ќе треба да искачат 1200 метри разлика во надморска височина. Во секоја од трките во трчање, планински и друмски велосипедизам, во машка и женска конкуренција, наградите се: 1-во место златен медал и 5.000 денари, 2-ро место сребрен медал и 3.000 денари како и за 3-то место бронзен медал и 2.000 денари.

Пријавувањето е преку електронска апликација и плаќање на веб страната на www.prvdovrv.mk.  Во трките може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за спортска активност според описот на трките.  Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед, кацига и резервна внатрешна гума

Александар Самарџиев

 

Тагови: велосипедизамдрумски велосипедизампланинско трчањепопова шапкаШар Планина

Поврзани објави

Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Следна објава

Ноќеска 6 лица приведени поради поседување дрога

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.