• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Најава за Успение на Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир

Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф ќе започне со вечерната вогослужбата во вторник 27 август во 17 часот и 30 минути, додека празничната архиерејска литургија во среда 28 август со почеток во 8 часот.

25/08/2019
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со вечерна богослужба на 27 август и литургија на 28 август ќе се одбележи  Успение на Пресвета Богородица во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј во Лешок. Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф ќе започне со вечерната вогослужбата во вторник 27 август во 17 часот и 30 минути, додека празничната архиерејска литургија во среда 28 август со почеток во 8 часот.

Црковното Предание учи дека Богородица се упокоила како и сите луѓе, не своеволно, како нејзиниот Син, туку според нејзината смртна човечка природа сврзана со овој свет.

По Христовото распнување, воскреснување, вознесение на небото и седнувањето оддесно на Отецот, таа поживеала на земјата уште 11 години. За неа се до нејзината смрт се грижел љубениот Христов ученик свети Јован Богослов. На Маслиновата Гора, на местото каде се вознел Христос, плачејќи се молела Бог да ја земе од овој свет.
Тогаш ѝ се јавил Архангел Гавриил и ја известил дека по три дена (на 15.08./28.08) ќе биде упокоена. Тој ѝ донел една рајска гранка од палмово дрво, која светела со светлост од небесната благодат и која ќе се носи пред одарот на Божјата Мајка, како знак на тоа дека ја победила телесната и душевната смрт. Ангелот ѝ рекол дека ќе помине во бесмртен живот за да живее вечно со Бесмртниот Цар на славата .
Таа веднаш го известила за тоа светиот апостол Јован Богослов, а веста стигнала до апостолите и голем број христијани. Чудна сила ги донела 11-те апостоли при неа. Пред нив ја искажала предсмртната порака, Нејзиното тело да биде погребено во Ерусалим, во Гетсиманската Градина, таму каде што била гробницата на Нејзините родители, светите праведни Јоаким и Ана и стариот праведен Јосиф.

На денот на нејзиното Успение, таа лежела на одарот и одеднаш се осветлила куќата со необична светлост од Божјата слава. Божјата Мајка Го видела Синот како ѝ се приближува. Загледувајќи го приближувањето на Синот, Божјата Мајка радосно воскликнала: “Мојата душа го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој …”. Таа се подигнала од одарот како да оди во пресрет на Својот Син и Му се поклонила на Својот Бог. А Тој, приближувајќи се, и со неизмерна синовска љубов, гледајќи на Неа, рекол: “Дојди Блиска моја, дојди Голубице моја, дојди најскапоцен мој Бисер, и влези во живеалиштето на вечниот живот”. Богородица Му се поклонила и Му рекла да го прими Нејзиниот дух и да ја заштити од власта на темнината. Таа мирно ја предала Својата света душа во рацете на Бога, без да почувствува болка, како да заспала.

Во книгата за Нејзиното чесно упокојување се вели: “Бројот на годините кои непорочната Мајка Божја ги поживеа на земјата се точно педесет и девет”.

Започнал највеличествениот, најсвечениот погреб, во поворка со многу христијани. Се слушало ангелското пеење. Апостолите го носеле на рамења одарот на Пресвета Богородица. А најнапред одел Св. Јован Богослов кој ја носел светлата рајска гранка. Но, еврејските првосвештеници и книжници од завист испратиле војници да ја спречат поворката и наредиле “телото на Марија да го изгорат”, а на апостолите да ги претепаат. Но, Бог ги поразил со слепило злобните гонители, а на еврејскиот свештеник Антониј, кој се обидел да го сврти сандакот, невидлив ангел му ги отсекол рацете. Апостолите ја погребале Богородица. Кога по три дена го отвориле гробот за да ѝ се поклони Св. апостол Тома, кој што по Божја промисла, не бил присутен на нејзиното погребение, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше во гробот. Таа, како и Христос, доживеала телесна смрт, но во третиот ден по погребувањето била воскресната од Синот и Својот Бог, и со телото земена на небото. Се вознела на небото. И додека апостолите стоеле пред гробницата во недоумие, Таа им се јавила на апостолите жива, во Својата небесна слава, светла и опкружена со ангели им рекла: “Радувајте се, зашто сум со вас во сите денови”.

Како и сите други празници посветени на Пресвета Богородица, православните христијани го слават нејзиниот живот во Христа и Светиот Дух. Она што ѝ се случува на Дева Марија, ќе се случи на сите оние кои го подражаваат нејзиниот пример и живеат богоугоден живот на скромност, љубов и смирение пред Божјата Волја. Преку неа, сите луѓе ќе бидат „благословени да бидат почесни од херувимите и неспоредливо послевни од серафимите“ доколку го следат нејзиниот свет пример. Уште повеќе, сите ќе имаат удел во вечниот живот на Божјото Царство.

Тагови: БогородицаЛешочкиманастирПресветаУспение

Поврзани објави

Инфо компас

Прекини во напојување со електрична енергија на 23 март

22/03/2023
ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Следна објава

Шеесетина планинари на летното искачување на Титов врв

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.