• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

На Попова Шапка уапсен Германец осомничен за трговија со дрога

МВР во содејство со германските служби го нашла иако бил со документи со лажен идентитет.

24/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На 21.08.2019 Бирото за јавна безбедност – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со полициски службеници од сојузната криминалистичка служба од Германија-БКА и полициски службеници од единицата за борба против дрога од Хамбург, Германија, а во координација со Обвинителството за организиран криминал го лишија од слобода германскиот државјанин Р.В.Л. (55), член на меѓународна организирана криминална група. Германскиот државјанин се бараше со меѓународна потерница на Интерпол заради организирање и набавка на 700 кг. наркотична дрога кокаин од Јужна Америка до Хамбург, соопшти МВР.

Од спроведената истрага утврдено е дека пред да биде лишен од слобода, германскиот државјанин, неколку месеци престојувал на територија на Македонија, поточно во викенд населбата на Попова Шапка, со лажен идентитет.

На 21.08.2018 од страна Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал  и полициски службеници од СР Германија, а по претходно изготвен план за реализација и издадена наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес во викенд куќата и лишен од слобода е германскиот државјанин Р.В.Л.. При претресот пронајдени и одзмени се и помала количина кокаин и марихуана, како и пет телефони, две платежни картички, пари, лап топ, германска патна исправа на друго име, фалсификувана полска возачка дозвола и други предмети.

По лишувањето од слобода германскиот државјанин е предаден на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР на Македонија заради понатамошна постапка во однос на распишаната меѓународна потерница од Интерпол.

На 22.08.2019 Обвинителството во Тетово поднесе кривична пријава против Р.В.Л. поради основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по чл.215 ст.1 од Кривичен законик за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ предвидено и казниво по чл.378. Лицето е изнесено пред судија на претходна постапка, кој одреди мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена.

 

Тагови: Германецпопова шапкаУапсен

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Најава за Успение на Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!