• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

На тренинг во карате клубот Шарпланинец

Освоени првите златни медали, работа и подготовки во сала за наредните турнири. Ваква е позитивната атмосфера во карате клубот Шарпланинец во Тетово, во првите денови од есента кога се повеќе младите каратисти го засилуваат фокусирањето на натпреварувачкиот дел од сезоната.

26/09/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Освоени првите златни медали, работа и подготовки во сала за наредните турнири. Ваква е позитивната атмосфера во карате клубот Шарпланинец во Тетово, во првите денови од есента кога се повеќе младите каратисти го засилуваат фокусирањето на натпреварувачкиот дел од сезоната.

По летото, на скорешниот „Златен куп“ што се одигра во Тетово каратистите од Шарпланинец освоија две златни, две сребрени и една бронзена медалја.

-Стефан Илиевски и Арбион Велии освоија прво место во нивните категории-Стефан во категорија за деца до 12 години и под 53 килограми, Арбион до 11 години под 47 килограми. Ива Крстевска беше втора во категорија до 12 години и над 44 килограми, а Михаела Сапунџиевска до 10 години и под 34 килограми. Дарио Апостоловски освои трето место во катергорија деца до 13 години и под 55 килограми, информираат  тренерите Александар Давидовски и Ивица Милевски.

Сега следуваат нови два турнири во октомври-Струга опен и Меѓународен турнир Никола Грдановски Нике во организација на КК Металург од Скопје. Во ноевмри е турнирот на КК Фати во Тетово како и Меѓународниот турнир 13 ноември на КК Цветан Димов во Скопје.

Исто така подготовките се прават за меѓународните турнири (европски купови за деца) во октомври во  Подгорица во Црна Гора во Подгорица и во Хасково во Бугарија.

Бодовите од сите овие натпревари и турнири се важни младите каратисти со оглед дека се борат за учество на Државното првенство кое се одигрува еднаш годишно. Исто така на секое државно првенство пласманот од првото до третото место значи место во репрезентацијата и пласман на Балканско првенство како и на понатамошните натпреварувања.

-Ние во 2018 година го имавме Стефан Илиевски за државен првак, кој и годинава ја одбрани титулата. Исто така од нашите редови во април годинава државен првак беше и Михаела Сапунџиевска, велат тренерите.

Каратете од 2020 година ќе биде олимписки спорт и со тоа зголемен е интересот за децата за натпреварување.

-Во нашиот клуб се натпреваруваме во кумите или спортска борба. Поради големиот интерес започнуваме и со најмладите деца дури и од 4-5 години кои можат да доаѓаат на спортски тренинзи и активности и понатаму да продолжат со каратето, велат од Шарпланинец.

Овој клуб поседува сопствена сала каде се одржуваат тренинзите.

Тагови: каратеКК Шарпланинец

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Следна објава

Седмо издание на Меѓународниот театарски фестивал во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.