• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Небезбедни тротоарите за учениците од ОУ „Братство Миѓени“ во Тетово

Проблемот е во паркирањето на возилата на тротоарите поради што се приморани да се движат по коловозната лента на улицата.

03/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Учениците од основнотo училиште „Братство Миѓени“ во Тетово во објектот на улицата Борис Кидрич блиску до зелениот пазар и годинава се соочуваат со потешкотијата да пристигнат до училишната  зграда.  Проблемот е во паркирањето на возилата на тротоарите поради што се приморани да се движат по коловозната лента на улицата.

-Тротоарот што е на страната на училиштето има метални столбови, но има и перална за возила кои насекаде ги паркираат автомобилите кои ги бришат по перењето. Од другата страна на улицата има тротоар кој нема метални столбови па секој кој стигне се паркира, а дури и има трактори од кои се продава зеленчук и овошје.  Ученциите мораат да се движат буквално на улица за да стигнат до школскиот објект.  Местото е фрекфретно поради пазарот и мора надлежните да најдат решение, бидејќи вака е со години, а среќа е што нема последници, вели Мирче Блажевски од месната заедниц Борис Кидрич.

Иако во 2016 година жителите на месната заедница заедно со родителите од учениците на протестираа и го блокираа сообраќајот, ситуацијата не се промени.  Од општина Тетово и денес  нема одговор на прашањето дали и како ќе се надмине состојбата и подобри безбедноста на учениците.

Од тетовската полиција за состојбата одговорија дека ќе се обидат со засилени сообраќајно-контролни активности да влијаат да се зголеми безбедноста во непосреда близина на училиштата.

-Тротоарите пред училиштата, потоа крстосниците и зелените површини кои водат кон училиштата ќе бидат приоритет посебно сега кога е зголемена фрекфренцијата поради почетокот на учебната година.  Во насока на овие активности вчера 2 септември  откриени се 20 непрописно паркирани возила, кои веднаш се подигнати, додека на нивните сопственици изготвени им се соодветни поднесоци, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Општина Тетово за продавачите на сезонски зеленчук и овошја иако има одредено локација со години наназад нема успех во намерата да тие да бидат однесени на тоа место и да вршат трговија.

Тагови: небезбеден тротоарОУ Братствоулица борис кидрич

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Изложба на монотипии на Илиана Петрушевска во Уметничка Галерија Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.