• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Неисправна водата за пиење во три места во општина Теарце

Водата за пиење во Теарце, Глоѓи и Пршовце е не исправна за пиење покажаа микробиолошките анализи кои ги направи Центарот за јавно здравје од Тетово откако мината недела неколку стотици жители на овие места се соочија со ентероколитис

12/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Водата за пиење во Теарце, Глоѓи и Пршовце не е исправна за пиење покажаа микробиолошките анализи кои ги направи Центарот за јавно здравје од Тетово откако мината недела неколку стотици жители на овие места се соочија со ентероколитис. Остануваат препораките водата од чешмите да не се користи за пиење и подготување храна, а населението да се снабдува со индустриски складирана вода за пиење.

-Утврдено е присуство на фамилија бактерии во водата која укажува на тоа дека има фекално загадување. Водата не смее да се пие и не смее да се користи за подготвување храна.  Граѓаните да не ја користат се до добивање нова информација, соопштија денес од Одделението за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје.

Мината недела зголемене број жители на селата во општина Теарце се пожалија на ентероколитис, односно стомачни болки, пропратени со дијареја и повраќање.  По препораките на Центарот за јавно здравје да не се користи водата од селските водоводи состојбата се стабилизираше односно се намали бројот на лица со здравствени тегоби.

Првично физичко-хемиските анализи не покажаа проблематични параметри, но подолготрајните микробиолошките испитувања покажаа што не е во ред со водата пиење.

Тагови: неисправна вода теарце

Поврзани објави

Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Вести

Премиера „Момчето со пругасти пижами“ на Драмското студио „Летечка театарска трупа“ – Тетово

25/09/2023
Следна објава

Украдени 3000 денари од црквата во месноста Петачко водиче во Беловиште

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!