• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Неколку дена зголемена концентрација на ПМ-10, лоша комбинација за ширење на коронавирусот

Доктор Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија при Центарот за јавно здравје вели дека високите концентрации се должат на грејната сезона која е во полн ек.  Според него аерозагадуавњето е лоша подлога и комбинација за ширење на коронавирусот.

26/10/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Изминатите пет денови во Тетово се бележи надминување на дозволените 50 микрограми на кубен метар на отровните ПМ-10 честички во воздухот.  Воедно во текот на октомври на интернет страницата на Министерството за животна средина за следење на квалитетот на воздухот се евидентирани и десетина денови со гранични вредности на опасните материи во воздухот.

Доктор Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија при Центарот за јавно здравје вели дека високите концентрации се должат на грејната сезона која е во полн ек.  Според него аерозагадуавњето е лоша подлога и комбинација за ширење на коронавирусот.

-Грејна сезона почна и на тоа се должи зголемувањето на ПМ-10 честичките. Ова може да ја влоши ситуацијата затоа што ќе се „накалеми“ коронавирусот на ПМ-10 и уште повеќе на ПМ-2,5 и подолго ќе стои во воздухот од она што е вообичаено. Тоа е лоша комбинација, подолго да лебди во воздухот бидејќи ПМ-10 се лебдечки честички. Во лошата комбинација влегува и ниската температура, мала влажност, ПМ-10, аерозагадување и предизвикува непосакуван ефект на ткн. „перфектна бура“, објаснува д-р Давидовски.

Од друга страна според извештаите на интернет страницата на Министерството, во септември не се бележи ниту еден ден со зголемена концентрација на ПМ-10.  Сепак вкупно досега во текот на 2020 има 77 денови со над 50 микрограми на кубен метар дневно на отровните ПМ-10 честички во воздухот што е двојно повеќе од теоретски дозволените 35 денови во текот на една каленадарска година.

Во 2019 година Тетово имало 88 денови чист воздух, 120 со загаден и 157 без податоци.

А.С

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава
бензин горива нафта

Одредени промени на цените на нафтените деривати

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.