• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Нема кој да работи сточарство, се помалку храна ќе има

https://www.youtube.com/watch?v=4CM7DILtXOo&t=3s

26/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Шар Планина како природна основа нуди многу можности за одгледување на добиток, но сточарите од тетовскиот крај велат дека се помалку се луѓето кои сакаат да се занимаваат со оваа работа. Младите не ги наследуваат родителите во оваа работа, па сточарите предупредуваат, тоа што нема кој да работи сточарство во иднина ќе значи дека ќе се произведува се помалку храна.

-Младите не чуваат стока више. И синот мој замина за Германиа. Сам ја со жената се мучимо. Овчари не можеш да платиш.  500-600 евра ти бара плата. Сами се мучимо. Млекото ти го зема 20 динари без пари. А едно кило вода ги купиш пет милијарди во продавница, вели Зијадин Зејнулаи, сточар од село Селце

Се помалку може да се егзистира од сточарството поради напластените и нерешени проблеми и  лошото државно менаџирање вели Меџит Амити, од здружението на одгледувачи на овци „Шарпланинец“.

-Само треба да има човек во Влада што ги разбира работите. Човек што е упатен кај овчарството. Да го знае еден овчар колку кошта едно јагне, колку цена на чинење, тоа што го реков, да го чуваш, а не некој ќе го стаат таму некој што не знае што е овца и од улица ќе го земат ќе го стават партиски. И што он, не знае он. Тука трпи сељакот, сточарот што е. И он ќе биде во загуба една година, втора година и ќе почне да ги продава, вели Амити. 

Помошта што ќе се даде од буџетот на сточарите значи помош и за самата држава, потсети Меџит тврдејќи дека така Македонија и во иднина ќе има одгледувачи на крави и овци кои ќе обезбедуваат природна и здрава храна за населението.

-Ние немаме којзнае што индустрија ние имаме овци, имаме планини, имаме пасишта, треба да се искористат тие пасишта, треба да се надополнат тие пасишта, а со ваков тренд овци нема да имаме ние за …мислам бргу-бргу нема да имаме само ќе имаат тие што сами гу чуваат фамилијарно.   А иначе вака да чува некој овци, да живи од овци да зема пари не ќе може, рече Амити. 

Сточарите бараат интервентни мерки од Владата, да се зголемат субвенциите за јагниња и млеко. 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Приведен 41 годишник кој ги нападнал мајката, сопругата и детето

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.