Сообраќајот на автопатот од Тетово кон Скопје вечерва беше ненајавено блокиран 30-тина минути од страна на автомобили со луѓе од дел од иницијативата „Доста е“ кои веќе осум недели организираат јавни протести во тетовско поради незадоволство и револт од зголемување на цената на електричната енергија.
Околу 19 часот групата со своите автомобили на потегот од Тетово до Желино го успори сообраќајот со тоа што се движеа пополека и на две места сосема запреа со што се создаде километарска колона. Сообраќајот на тој начин беше блокиран околу 30-тина минути по што групата ги тргна возилата и замина.
Ваков протест со блокада на автопатот имаше на 21 август. Минатата недела јавни протести беа организирани во неколку рурални средини.
Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој ќе верификува квалитет на услуги и ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании.
А.С