• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Непријатната миризба на изгорено која и понaтаму се чувствува во Тетово ги плаши луѓето дали е загаден воздухот по пожарот

01/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Непријатната миризба на изгорено која и понaтаму се чувствува во Тетово ги плаши луѓето дали е загаден воздухот по пожарот. 

На интернет страницата на министерството за животна средина деновиве не се постојано достапни податоци за квалитетот на воздухот, за што вчера призна и министерот.  Фалат податоци за неколку денови.

Кризниот штаб на Тетово бара да провери Министерството  дали воопшто е функционален апаратот за мерење на квалитетот на воздухот,  во спротивно бараат функционален мобилен уред за да знаат каков воздух дишат тетовци.

-Да провери дали работи како што треба. Да не информира дали е точен, параметрите што ги објавува тој апарат дали се точни или не се точни. Да се провери апаратот и после да ги земеме резултатите што ги објавува апаратот за мерење на воздух, изјави Бесар Дурмиши.

Пожарникарите кои денеска сумираа колку од опремата им била уништена, предупредуваат дека местото на пожарот е потенцијална опасност за понатамошни согорувања и дополнителна закана од  загадување на возудхот.  Изгорените 7500 метри квадратни сега се потенцијала опасност за еколошка катастрофа.

-Постои уште закана да се запали, пошто знаеме дека материјалите што се тука се многу, брзу се палат. Ние правиме таму, седиме 24 саати, и ќе седиме уште денови таму, пошто се знае дека материјалите се палат, изјави Авни Амети од ТППЕ Тетово.

Кризниот штаб на Општина Тетово донесе одлука да се зголеми бројот на пожарникари и да се набави неопходната опрема за работа, бидејќи сегашните капацитети се недоволни за покривање на територијата на 5-те околни општини.

   

 

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Почнат е увидот за утврдување на причините на пожарот во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.