Неколкумина велосипедисти и пешаци се полесно повредени во текот на вчерашното попладне кога во нив удрило возило на патот од Тетово до месноста Бањиче.
Патот и пешачката патека до Бањиче, долж реката Пена сега при високи температури масовно се користат од тетовци за пешачење, возење велосипед, кои од друга страна се во голема опасност од претежно млади лица кои со возила и мотори возат брзо и често пати предизивкуваат сообраќајни незгоди. Освен брзото возење, се прават и разни егзебиции како кочење и вртење на возило, а често и моторџии се тркаат.
Селвије Јакупи од Тетово, една од полесно повредените на велосипед, која често се движи по оваа патека, сведочи дека несовесноста на младите луѓе од градот е честа причина за вакви инциденти. Местото е предвидено пред се за рекреација и таа смета дека надлежните треба да го ограничат движењето со возила.
-Сега на лето многу луѓе се движат кон Бањиче и покрај реката Пена. На оваа улица ќе најдете граѓани од сите возрасти и во различни периоди од денот. Секој ужива во природата и убавината на овој дел од Тетово. Но за жал има многу бескрупулозни возачи кои со своите автомобили се однесуваат како да се на тркачки патеки, оставајќи зад себе чад, лош мирис, паника и непријатност. Исто така предизвикуваат и сообраќајни незгоди, во која и ја фала му на Бога поминав лесно. Оваа несовесност мора итно да биде запрена од градските власти, со ограничување на движењето на автомобили барем неколку часа или со поставување сообраќајна полиција што би го ублажило „лудилото“ на возачите. На сите ние е потребен тој дел од Тетово со светлина, чист воздух и за кафе, но потребна е и безбедност, апелирам да има здрав разум, вели Селвије.
Движењето по два и пол километарската патека и патот покрај реката е прилика да се почувствува различен амбиент во споредба со градот, со оглед дека се навлегува во шумата. Од друга страна минатиот месец општина Тетово го продолжи патот кон селото Бродец.
А.С