Прогресив рок групаtа „Station: Innermost“ каде членуваат неколкумина родени тетовци имаше промоција на новиот видео запис а нивниот нов сингл “The Light”. Промоцијата се одржа вчера во клубот Маракана во Скопје.
Бендот го сочинуваат вокалот Наташа Миха која воедно свири и на клавијатури, Дамир Пух-гитара, Стефан Петановски-гитара, Дарко Фотиновски-бас и Дејан Апостоловски-тапани. Наташа Миха, Дамир Пух и Дејан Апостоловски се членовите на групата кои се родум од Тетово.
Групата постои од 2018 година. Досега го има издадено албумот “Exposure“. Во изработката на албумот гостуваат Дерек Шериниан (некогашен клавијатурист на Dream Theater) и Ади Имери.
А.С