• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Новинарите што поскоро да бидат службени лица, за да се избегнат нападите како вчерашниот со секира

17/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Новинарот Невриј Адеми и снимателот Збулим Максути од Телевизија Полог кои вчера доживееа физички напад во гостиварското село Ѓурѓевиште денес за другите колеги новинари споделија со што се соочиле и како нивните животи биле доведени во опасност.  Затоа Невриј бара со закон да бидат новинарите прогласени за службени лица како начин за поголема заштита од насилство. 

До инцидентот дошло кога стигнале во село Ѓурѓевиште за да снимаат кои работи се подобриле во училиштето, откако за неповолните услови известувале пред некој месец.

-Таму сега има инвестиции и се прави кон подобро. Ние бевме таму за да снимиме.  Се доближи еден човек со кола, седеше пет минути надвор додека нашиот камерман беше внатре. Кога излезе нашиот камерман од внатре тој почна да пцуе по нас да навредува и дојде до влезот на школото. Ме фати мене, ме турна по скалите и почнавме да му збориме дека не сме овде за нешто лошо.Тој не разбрираше никако. Отиде и зеде секира од хигиеничарот, кој во тоа време сечеше дрва. начи секирата ми беше пет сантиметри од глава. И пак навредуваше. Ние најдовме момент и избегавме со кола, раскажа Невриј.

Додека се движеле кон соседното село Неготино, човекот ги следел. Новинарот и снимателот затоа заминале кон полициската станица за да се спасат од евентуален нов напад и да го пријават случајот.

-Јас го молам обвинителството да преземе мерки за да не случуваат овие настани, да не чекаме месеци и години за да донесат одлука. За мотивите на насилникот, јас не можам да кажам, ама првите зборови му беа политички. Тебе те испрати некој овде, пцуеше лидери на партии. Јас не можам да кажам дека тој беше од некоја партија, истакна Адеми.

Ова не е му е прв па да му  се случи ваков инцидент, вели 23 годишниот новинар кој случајот го пријавил и во Здружението на новинарите од каде имаше јавна реакција.

-Властите итно да најдат решение, да не биде законот во фиока во парламентот, треба да се донесе многу брзо тој закон за напад на службено лице за нас новинарите, рече Невриј.

Полицијата вчера информираше дека 59 годишникот кој новинарот го пријавил е лишен од слобода вчера околу 17 часот и 30 минути. Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Илија Маринкоски избран за нов претседател на Унија на млади сили на ВМРО ДПМНЕ - Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.