• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Новиот воспитно поправен дом во тетовска Волковија е функционален и се очекува да почне со работа

29/05/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Новиот објект за Воспитно поправниот дом „Тетово“ во близина на тетовското село Волковија наскоро може да почне со работа, откако се надминати сите инфраструктурни проблеми најави Јовица Стојановиќ, директорот на Управата за извршување на санкции при денешната посета. Објектот од градежен аспект е готов уште од декември 2018 година, но досега институциите, според директорот, решаваа проблеми од друг карактер.

-Од декември 2018 досега се решаваа проблемите со водоснабдување и електрична енергија. Месното население не дозволи да се користи нивниот извор за вода. Затоа беше поведена процедура за изградба на бунар во рамки на дворот од објектот. Исто така за електрична енергија 14 месеци се чекаше поради измени во закон за градење да се прави постапка за домот, изјави денес при посетата Јовица Стојановиќ.

Директорот на домот, Зоран Стојановски истакна дека се уште нема точен датум кога би почнале со работа односно прием на штитениците кои моментно се сместени во Охрид.

-За одредено време таква дозвола ќе биде дадена од Управата. Објектите освен што се готови се и опремени и фунцкионални.  Ние вработените очекувам тука прво да почнеме со координации, тренинзи и слично па да дојдат малолетниците-штитеници кои ќе имаат одлична инфраструктура, рече Стојановски.

Според него е најважно што се решава 19 години стар проблем со просторни услови на ВП домото кој имаше локација во Тетово се до 2001 година.

-Бројот е мал на штитеници, има 11 во Охрид. Судиите досега беа известени дека условите биле лоши и затоа применувале алтернативни мерки или одложувања. Сега тука може да се примат три пати повеќе малолетници, дури и повеќе. Имаме три павилјони, а само во еден ќе биде доволно да се сместат сите штитеници. Малолетничкиот криминалитет не е намален, рече Стојановски.

Објектот е почнат да се гради со кредит за обнова и реконструкција на затворскиот систем во 2014 година, во висина од 4.100.000 евра.

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Здружението „Храбро срце : Пост-оперативниот период да биде еднаков за сите пациенти со механичка потпора на срцето

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!